Еминентниот Њујорк тајмс смета дека Вашингтон ќе го употреби косовското сценарио во Сирија, по примерот на бомбардирањето на Србија, јави „Канал 5“.
Паралелите кои тимот на Обама ги гледа се во тоа што, како и на Косово, цивили биле загрозени, а Србија, како и Сирија денес, ја имаше поддршката на Русија, поради што сад мораа да нападнат без согласност на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Медиумските тврдења се совпаднаа и со изјавата на американскиот секретар за одбрана Чак Хејгл, кој призна дека Вашингтон веќе распоредува морски сили во близината на Сирија, со цел да му даде можност на претседателот да ја употреби и воената опција, доколку донесе таква одлука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


