Во Србија од инфекција предизвикана од вирусот западно нилска треска починаа десет лица, се наведува на страницата на Институтот за јавно здравје на Србија.
Официјално се пријавени 82 случаи на заболени лица од оваа треска, а од нив 56 имале клиничка слика менингитис, енцефалитис или менингоенцефалитис.
Починатите лица биле постари од 50 години и хронично болни.
Оваа болест ја пренесуваат комарците и нејзиното ширење е можно се’ додека постои активноста на овие инсекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


