| четврток, 6 декември 2018 |

САД ќе го зголемат военото присуство во Медитеранот

САД ќе ги зголемат своето воено присуство во Средоземното море во врска со ситуацијата во Сирија, пренесува „Ријтерс“ повикувајќи се на претставник на американското министерство за одбрана. Претходно во петокот навечер портпаролот на Белата куќа. Џош Ернест на редовниот брифинг со новинарите рече дека американската администрација разгледува серија чекори, вклучително и воени, како одговор на наводниот масивен напад со хемиско оружје во предградието на сириската престолнина Дамаск, каде што според сириската вооружена опозиција загинале меѓу 60 и 1.800 луѓе.
Извори на агенцијата соопштиле дека разурнувачот „Mahan” кој требало да го напушти Средоземното Море и да се врати во матичното пристаниште во сојузната дражва Вирџинија, ќе остане во регионот.
Претставникот на американското министерство за обрана чиј идентитет не се открива, изјавил дека воената морнарица на САД не добила сепак никакви наредби за подготовка за воена операција

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top