ако што Париз ја има Ајфеловата кула, а Њујорк Статуата на слободата, Малата сирена е симбол и туристичката атракција на Копенхаген, објавува „Хајд парк“. Инспирирана од истоимената бајка на славниот Ханс Кристијан Андерсен, скулптурата е поставена на шеталиштето во копенхашкото пристаниште на 23-ти август 1913 година.
-Малата сирена е мала во споредба со другите славни историски споменици низ светот, но во неа се опфатени и историјата и бајката, што предизвикува внимание далеку надвор од границите на Данска, вели директорот на копенхашкото туристичко биро, Ларс Берхнхард Јоргенсен.
-Таа и натаму испраќа порака, симболизира нешто универзално, желбата за слобода и патувања. Ханс Кристијан Андерсен, кој рекол дека „да се патува значи да се живее’, бил веројатно првиот дански глобалист, ја разбирал важноста на допирањата во светот и учењата од тоа. Нешто што денес ни е потребно повеќе од кога и да е, додава Јоргенсен.
Скулптурата изработена од бронза и гранит е инспирирана од бајката на Андерсен за сирената која поради љубовта се откажува од животот во морето за да може да биде со младиот убав принц на копното.
Карл Јакобсен, синот на основачот на славната данска пиварница „Carlsberg”, се вљубил во тој лик гледајќи го истоимениот балет во данскиот кралски театар. Ја нарачал скулптурата и решил да ја донира на градот. Замисли на скулпторот Едвард Ериксен да му позира балерината Елен Присе. Таа, меѓутоа, не сакала да позира гола, па само главата на Малата сирена е излиена според нејзиниот лик. За телото како модел послужила сопругата на Ериксен.
Според летописите, опстојувањето на Малата сирена, статуата висока 1,25 метри и тешка 175 килограми, во овие сто години воопшто не бил „здодевен”. Честопати била цел на вандали и политички активисти, Неколкјуапшти останувала без главата, и ги отсекувале и рацете, неброено пати била пребојувана и покривана или ја облепувале со најразлични пароли. Неодамна беше испратена во Кина како централен експонат на данскиот изложбен павилјон на Светската изложба во Шангај.
Во одбележувањето на стогодишнината, покрај другото, „живи сирени” ќе се појавуваат крај славната атракција, како и знаменитостите во многу светски метрополи, вклучително и Париз, Рим, Амстердам, Сиднеј, Шанга и Стокхолм, кои ќе ја поздравуваат публиката во Копенхаген.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.