| четврток, 6 декември 2018 |

Хурем во четвртиот месец од бременоста, детето ќе го одгледува сама

Ѕвездата на серијата „Величенствениот“, Мерјем Узерли по раскинувањето со вереникот Кан Атеш и открила на една новинарка од турски весник дека е бремена и дека планира сама да го одгледува детето.

Новинарката од весникот „Хуријет“ на почетокот на годинава зсе зближи со популарната актерка и тогаш заедно позираа за едиторијалот фотографии во турска бања. Таа неодамна ја посети својата пријателка во Берлин, каде Мерјем се лечеше од депресија. Новинарката по разговорот со проблематичната актерка била шокирана од сознанието дека таа е во четвртиот месец од бременоста.

Merjem4Мерјем неодамна беше пуштена од болницата каде престојуваше поради повеќемесечно лекување од депресија, а потоа протече информацијата дека нејзиниот вереник ја изневерува и дека романската е прекината. Но, заплетот продолжува бидејќи се претпоставува дека татко на нејзиното дете е токму поранешниот вереник Кан Аташ кој беше сликан со друга девојка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top