Повеќе од 361.000 луѓе се на удар на тајфунот „Трами“ во централната кинеска провинција Хунан, а 30.000 се евакуирани, соопшти агенцијата Ксинхуа.
Најсилно се погодени источните региони на провинцијата. Оштетени се 150 згради и жетвата на површина од над 13.350 хектари. Поради тајфунот нивото на водата во реките се зголеми до критично ниво. Министерството на цивилната администрација соопшти дека во источните провинции Фуцзан и Чжецзин од природната катастрофа се погодени околу 1,4 милиони луѓе.
Во исто време во голем број провинции во источниот, јужниот и југозападниот дел на земјата е прогласена тревога поради претстојните поројни дождови
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


