Американската агенција за национална безбедност (NSA) призна дека свесно биле надминати овластувањата од страна на нејзините експерти при следењето на комуникациите.
-Во текот на последната деценија откриени се многу ретки случаи на намерно прекршување на овластувањата од страна на NSA. Агенцијата ги зема многу сериозно наводите за надминување на овластувањата и целосно соработува со секоја истрага, одговарајќи соодветно, се вели во изјавата испратена до агенцијата Bloomberg. Според агенцијата, повредите на прописите се однесуваа на налог потпишан од поранешниот американски претседател Роланд Реган во 1981 година.
Претходно седмицава американската агенција објави материјал од кој беше отстранета ознаката за доверливост судска пресуда од 2011 година во кој се содржи критика за NSA за „неуставно” собирање на 56 илјади електронски пораки на американски граѓани во периодот од 2008 до 2011 година. Од агенцијата изјавија дека најголемиот дел од овие прекршоци биле направени „ненамерно” поради „техничка грешка”. Според американските закони на NSA ѝ е забрането да ја следи и пресретнува електронската пошта на американските државјани во САД, меѓутоа пораки и натаму можат да се пресретнуваат на меѓународно ниво, којашто според законите има право да ја скенира. Дека станува збор за ненамерните прекршоци, изјавија и Белата куќа и комисиите за разузнавачката заедница на Сенатот на САД и на Претставничкиот дом на Конгресот.
Програмата на американските разузнавачки агенции со којашто се пресретнуваат и шпионираат електронските комуникации и телефонските разговори на милиони луѓе во светот, во јуни годинава ја обелодени поранешниот соработник на NSA и на CIA, Едвард Сноуден. Тој побегна од САД, каде што е обвинет за шпионажа, во Хонгконг, за по извесно време да пристигне во Москва од каде што имаше намера да продолжи за некоја земја во Јужна Америка. Откако четири седмици остана на меѓународниот терминал на московскиот аеродром Шереметјево, руските власти го одобрија неговото барање за привремен азил во земајта
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.