| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Без признавање на уставни прекршувања од страна на власта, извештај подобро да нема

gruevski-zaev-komisija09

Додека партиите имаат уште малку време до крајниот рок за заклучоците од комисијата и додека ги разгледуваат предлозите на претседателот на Комисијата Борче Давитковски, лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека во извештајот мора да стои дека власта го прекрши Уставот на Република Македонија.

-Без признавање на уставни прекршувања од страна на власта, извештај подобро да нема – изјавил за порталот Бриф претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој денеска не се појави во Клубот на пратеници, односно на состанокот на комисијата иако беше првично најавено неговото присуство како и на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top