
Уште еден од осомничените вработени во Македонска Пошта за грабежот во Чаир попладнево е уапсен под сомнение за несовесно работење. јави Канал 5.
Ова е досега 11-ти осомничен приведен од полицијата, која досега сомничеше 10-мина. Меѓу уапсените е и сопруга на екс министер, под сомнение дека со неодговорното работење, им го олесниле патот на двајцата крадци до вреќите со пари во благајната.
Дали ќе има проширување на кривичната пријава и нови апсења за осомничените, ќе се знае деновиве. Грабежот во чаирската пошта се случи на 26-ти јули кога беа украдени над 211 илјади евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


