Интервјуто со Генералот Маркос – Командант на демократската Армија на Грција за време на граѓанската војна од 1946 до 1949 koe што вчера го емитуваше Канал 5 Телевизија е снимено во продукција на некогашната Радио Телевизија Скопје сега Македонска Радио Телевизија.
Според информацијата од националната телевизија автор на интервјуто со Маркос е покојниот новинар на Македонскот радио Петар Голабов кој зборувал грчки и затоа бил избран да го води разговорот. Прашањата биле подготвени од еминентни македонско историчари кои ги познавале односите меѓу Македонија и Грција а интервјуто од почеток не било во план да се објавува туку да остане како историски факт.
Интервјуто со командантот на ДАГ кое го пренесе и Република е снимено во 1977 година а измонтирано е во 1978 година , трае вкупно 53 минути.
Според актери кои во тој период биле активни на политичката сцена Маркос бил снимен за државни цели и интереси а интервјуот било ставено во бункер по наредба на тогашното раководство на Комунистиката партија на Македонија.
Делови од интервјуот биле објавувани во документарни проекти на МРТ но никогаш не била симната забраната за еитување на целото интервју. МРТ доставила копија до кинотека на Македонија со цел податоците кои во него ги дава Командант Маркос да се користат во научни истражувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


