| четврток, 6 декември 2018 |

Нема договор за Комисијата – Груевски и Заев прават последен обид

gruevski-zaev-komisija06

“Нема напредок“ – беше најчестиот одговор во текот на целиот ден, како неофицијален брифинг, на сите обиди на медиумите да дознааат нешто повеќе – за тоа што се случува во Клубот на пратениците

 

Нема напредок“ – беше најчестиот одговор во текот на целиот ден, како неофицијален брифинг, на сите обиди на медиумите да дознааат нешто повеќе – за тоа што се случува во Клубот на пратениците. Каде зад затворени врати – членовите на Комисијата задолжена за расветлување на настаните од 24 декември минатата година во Собранието, заедно со претседателот во оставка Борче Давитковски и засилени со заменик-претседателот на СДСМ Радмила Шеќеринска и шефот на Кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер, се обидуваат да ги приближат ставовите и евентуално да стасаат до компромис, со кој ќе го затворат Извештајот.

Официјални изјави и информации до каде е целата работа, на последниот ден од рокот за затворање на рапортот на ад-хок телото нема. Давитковски ги најави дури за вечерва, откако ќе се види уште еднаш со Никола Груевски и Зоран Заев и со нив да направи уште еден, последен обид да се стигне до соломонско решение – што ќе ги задоволи двете страни.

На јавноста веќе и е познато дека се спорни формулациите во две препораки за тоа што се случило критичниот ден. Опозицијата инсистира дека Уставот е прекршен со отстранувањето на пратениците од салата и новинарите од галеријата. Власта пак, смета дека загрозување на уставниот поредок има – но во делот на, како што велат, нападот на претседателското место во Собранието и уништувањето на собранискиот инвентар.

Дури и премиерот, кој денеска беше во посета на Штип, не сакаше јавно да коментира за, како што рече, да не го прејудицира крајното решение во врска со работата на ад-хок Комисијата.

Ваквата изјава на Груевски, како и официјалниот молк од СДСМ, упатува на претпоставка дека се уште никој не кренал раце од целиот процес, иако истекуваат последните часови. По што и дефинитивно ќе се знае дали ќе има или не Извештај за 24 декември. Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, при нивната средба во понеделникот во Владата се согласија дека – до вечерва на полноќ ќе се трага по компромисно решение за Комисијата. По што, ако не се успее, ќе се смета дека до него не може да се дојде.

Ад-хок Комисијата и нејзината работа е дел од првомартовскиот политички договор меѓу власта и опозицијата постигнат со посредство на меѓународната заедница. Според најавите од Брисел, неговото спроведување или неспроведување ќе биде нотирано во октомврискиот извештај за Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top