| четврток, 6 декември 2018 |

Балотели ги малтретира соиграчите на тренинзите на Милан

Тренинзите на италијанскиот прволигаш Милан не можат да минат без вниманието да биде насочено кон контроверзниот напаѓач Марио Балотели, било тоа да е поради головите што ги постигнува или, пак, поради малтретирањето на соиграчи.

Последна жртва на силеџијата Балотели на еден од последните тренинзи беше новото засилување во таборот на „росонерите“, Андреа Поли, кој без никаква причина доби удар со коленото во пределот на ’рбетот, кој, според неговата реакција, многу го здоболел. Кога виде кој го удри, Поли само продолжи да тренира без воопшто да му приговори на насилникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top