| четврток, 6 декември 2018 |

Обама: САД не смеат да избрзаат

обама гет лакиАмериканскиот претседател Барак Обама изјави денеска дека новите тврдења на сириската опозиција оти режимот на претседателот Башар ал Асад употребил хемиско оружје предизвикуваат „сериозна загриженост“, но нагласи дека САД не смеат да реагираат избрзано.

Обама во интервју за американската ТВ мрежа „Си-Ен-Ен“ предупреди дека Вашингтон не треба да „заглавува во мошне тешки ситуации“, со постапки кои би можеле да предизвикаат уште поголем раздор во регионот.

Американскиот претседател истакна дека тврдењата дека стотици лица се убиени во нападите со гас во близина на Дамаск во средата се посериозни од претходните обвиненија против режимот на Асад.

Обама изјави дека САД во моментов собираат податоци за тој напад, нагласувајќи оти досегашните информации „јасно укажуваат дека ова е е голем настан, кој предизвикува серозна загриженост“.

Тој меѓутоа не изјави директно дека САД веруваат дека навистина е употребено хемиско оружје. Обама додаде дека евентуалната употреба на хемиско оружје теоретски би значело дека сирискиот режим ја минал црвената линија, што според него би довело до американска воена акција за да се заштитат цивилите во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top