Полицијата вчера имала пријави за два залутани куршуми од кои еден завршил во главата на 40-годишна жена, која не била сериозно повредена, а другиот во чевел на средовечна жена.
Според МВР околу 17,00 часот во село Сингелиќ-скопско, непознат сторител испукал повеќе куршуми од огнено оружје, при што еден од испуканите проектили погодил и пробил лимена покривна табла од настрешница на куќата на И.А. (30) и ја удрил во пределот на главата А.Н.(39) од Скопје. Извршен е увид на местото на настанот, а пронајдениот проектил е даден за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Еден час претходно на улица Финска во Скопје, залутан крушум од огнено оружје паднал и ја оштетил обувката од левата нога на Л.С.(46) од Скопје, која во тој момент се движела пеш по улицата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



