Кумановец е пријавил сограѓанин, кој му позајмил 6.000 евра, а потоа му барал 8.400 евра само по основ на камата. Позајмицата била заверена на нотар, што како документ го искористил кумановецот за да го пријави доверителот во полиција.
МВР јавува дека СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Д.(41) од Куманово за сторено кривично дело „лихварство“. Пријавениот, во текот на октомври 2011 година, на З.Л. од Куманово му дал заем од 6.000 евра за што потпишале нотарски заверен договор во кој била пресметана несразмерно висока камата од 8.411 евра
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



