Двајца раководители во скопска приватна фирма се осомничени дека ги мамеле своите муштерии со тоа што прашок за перење марка „факс“ го препакувале и го продавале под името „биона“.
СВР Куманово поднесе кривична пријава за Б.Р.(27) од Скопје, одговорно лице во ДПТУ „БФС компани“ ДООЕЛ Скопје за сторено кривично дело измамување купувачи“ и Б.Р.(24) од Скопје за „помагање“ во врска со истото кривично дело.
Во текот на оваа година, првопријавениот, со помош на второпријавениот, набавил поголема количина прашок за перење „факс“ во пакување од по девет килограми и истиот го препакувал во картонски кутии од по 200 грама со натпис „биона“, на кои била испечатена декларација со лажна содржина, а вака препакуваната стока ја продавал во повеќе продавници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



