| четврток, 6 декември 2018 |

Во Детроит Пистонс доаѓа првиот стрелец од кинеската кошаркарска лига

Џош Харелсон (24), кој минатата сезона беше најефикасен поентер во кинеската кошаркарска лига, потпиша едногодишен договор со екипата Детроит Пистонс, со можност за продолжување на соработката за уште 12 месеци.

Тој беше 45-ти пик на драфтот во 2011-та година. Го избра екипата на Њу Орлеанс Хорнетс, а подоцна го испрати да настапува за составот на Њујорк Никс.

Откако таборот од Големото јаболко го размени во Хјустон Рокетс, веднаш си замина од Тексас и потпиша за Мајами Хит, меѓутоа и на Флорида остана само неколку месеци.

Во текот на месеците мај и јуни настапуваше во Кина, каде што просечно уфрлаше по 22,3 поени на натпревар.

Во меѓувреме, неколку месеци мина и во Порторико. Универзитетските денови ги минал во колеџ-екипите на Саутвестерн Илиноис и на Кентаки.

Харелсон е петтата аквизиција на Пистонс ова лето, претходно во Детроит пристигнаа ветеранот кој направи кам-бек, Чонси Билапс, ол-стар играчите Брендон Џенингс и Џош Смит, како и најдобриот кошаркар во италијанската лига, Луиџи Датоме.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top