| четврток, 6 декември 2018 |

Провалник се омрсил со близу 4000 евра од струшка куќа

kradec

76 годишниот А.М. од струшко Октиси остана без 3.000 швајцарски франци и околу 450 евра, откако неговата куќа била мета на крадец.

Според полицијата, крадецот се качил на првиот кат од семејната куќа, насилно ја отворил вратата и успеал да влезе во куќата. Тој ја пребарал куќата и во спалната соба успеал да го најде богатството по кое трагал. Тој си заминал со “големи“ пари во разни апоени како и со неколку македонски и швајцарски кредитни картички.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top