| четврток, 6 декември 2018 |

Давитковски: Уште две прашања

давитковски Борче Давитковски, првиот човек на ад хок комисијата за расветлување на настаните од 24 декември, во моментов во Клубот на пратениците во Скопје треба да одржи средба со шефот на кабинетот на премиерот Груевски, Мартин Протоѓер, и со потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

По средбата, како што изјави Давитковски, ќе ја свика Комисијата во полн состав доколку се постигне договор за неусогласените две прашања.

– Синоќа Комисијата работеше до полноќ. Останаа да се усогласат само уште две прашања. Ако на средбата со Протоѓер и so Шекеринска се усогласат и овие две прашања, тогаш ќе ја свикам Комисијата – изјави Давитковски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top