| четврток, 6 декември 2018 |

Комисија за 24.12: Последен рок за решение

комисијатаДенеска ад хок Комисијата за расчистување на настаните од 24-ти декември повторно ќе се состане, на истекот на рокот за донесување на заклучоците. Пред речиси еден месец оставка на функцијата претседател на Комисијата даде професорот Борче Давитковски, поради, како што рече, неможност да се постигне согласност за конечниот извештај од работата на Комисијата. Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев во понеделникот се договорија во периодот што следува да се вложат последни напори за откочување на процесот, негово интензивирање и донесување конечно решение околу извештајот на Комисијата.

Според вчерашната изјава на Борче Давитковски, има поместувања во позициите на двете страни и на ВМРО – ДПМНЕ и на СДСМ, но сепак, смета дека сите сценарија се можни.

Премиерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски изјави додека ВМРО-ДПМНЕ е фокусирано на дијалогот за Комисијата да успее, СДСМ е фокусиран на порталите коишто ги контролира да пушта некои сплетки и манипулации.

Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска пак рече дека секогаш кога државата се соочува со проблеми, ВМРО-ДПМНЕ бара виновници во другите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top