| четврток, 6 декември 2018 |

Се родила на паркинг, исто како татко и пред 33 години

devojce na parking

 

Хана Грејс Мери Павлик на 17 август, се родила десет дена пред терминот на совозачкото седиште на бензинска станица во Илиноис. На друг паркинг, на 18 август 1980 година се родил и нејзиниот татко Френк.

–         Дури кога стигнавме во болница и кога се добро се заврши, сфатив дека се се поклопи. Се гледа дека Хана е иста како мене, вели Френк и додава дека е горд на оваа посебна врска со неговата „мала принцеза“.

Мајката на Хана, Ерика вечерта мислела дека има лажни болки, но сепак решила да тргне до болница. На пат и пукнал водењакот, па свекрвата и препорачала да се породи на паркингот. При породувањето им помогнал полицаец кој дошол при итниот повик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top