| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезна атлетичар во Москва

orlando-500

Кубански атлетичар исчезнал во Москва. Кубанската атлетска федерација соопшти дека спринтерот Орландо Ортега не се вратил во островската земја по настапот на Светското првенство, кое минатиот викенд заврши во руската престолнина.

Кубанците наведуваат дека младиот атлетичар ја напуштил националната екипа што учествуваше на шампионатот од 10 до 18 август, одржан на московскиот стадион „Лужники“. Тој не може да се пофали со успех на првенството затоа што во квалификациите за трката на 110 метри со пречки го зазеде дури шесттото место во својата група, со резултат од 13,69 секунди.

Го сметаат за еден од најдобрите кубански спринтери во трки со пречки, по ненадминаиот Дајрон Роблес, а на последните Олимписки игри во Лондон го освои шесттото место и имаше и трето најдобро време во сезоната, во пресрет на Светскиот атлетски собир.

Ортега во Москва настапи откако националната атлетска федерација во јуни му ја укина шестмесечната суспензија, која што претходно ја заработи поради недисциплина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top