| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската Адријана Лима ќе не претставува на Мис на свет 2013

Кристина Спасеновска (21) од Кичево е девојката што ќе ја претставува Македонија на Мис на свет 2013. Прва придружничка е Михаела Иванова (21) од Скопје, која работи како менаџер на дискотеката „Привелиџ“, каде што се одржуваше изборот, а втора придружничка е Савка Грачанин (22) од Валандово, девојката на поп-пејачот Влатко Лозановски.

Mis-na-Makedonija-2013-02

Мисот во септември ќе ја претставува земјава на светскиот „Miss world“, што ќе се одржи во Индонезија. Кристина Спасеновска е девојката за која се пишуваше дека личи на Адријана Лима. Се занимава со менекенство, ужива да слика, и веќе се има закитено со повеќе титули. Беше  прва придружничка на „Мис адриатик“ што се одржуваше во Белград.

Инаку, Индонезија одлучи да нема претставување на девојките во бикини. Индонезиските строги и контроверзни закони не дозволуваат такво нешто. Бидејќи индонезиските власти не сакаат девојките да шетаат по пистата полуголи, на големото финале над костимите за капење кандидатките ќе носат наметки кои нема да дозволат несакано покажување на задникот или на градите.

Вчерашниот изборот беше организиран од „Проинтегра“, а во соработка со агенцијата за организирање сценско-музички настани „Интермодел“.

Целата галерија погледнете ја на следниов линк.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top