| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски ги посети струшките села

gruevski struskoПремиерот Груевски ги посети струшките села Бороец, Подгорци, Октиси, Лабуништа и Вевчани. Ги разгледа условите за живот, ги слушна проблемите на граѓаните.

– Во Бороец основно е што треба да се реконструира училиштето на што Министерството за образование ќе пристапи наскоро. Мислевме дека само прозорите треба да се сменат, но, тука видовме дека треба потемелна реконструкција и ќе бидеме фокусирани на тоа, изјави Груевски по посетата на населеното место Бороец.

Мештаните, додаде тој, ни укажаа дека имаат повремени мали проблеми со водоснабдувањето и потреба од правење на локален пат за што, иако во надлежност на локалната самоуправа, сепак ќе се разгледа можноста што може да се направи.

За решавање на проблемот со невработеноста, премиерот нагласи дека ќе се труди колку што е можно повеќе компании да се насочат да инвестираат во овој крај.

– Ние подготвуваме технолошко-индустриска развојна зона во Струга, струшкиот регион, која ќе ги опфати Дебарца, Охрид и Вевчани. Таа ќе биде околу 30 хектари, изјави Груевски.

– Ќе правиме се што е во наша моќ за инвестиции во инфраструктурата, опрема за училишта…. Во моментов не можам да кажам што и кога ќе направиме, но сигурно дека дел од овие проблеми со кои се соочуваат граѓаните ќе бидат на нашата агенда и ќе се обидеме дел од нив да ги решиме, нагласи Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top