Тоа што е букварот за првоодделенчињата, тоа е и Плејбој за мажите – основно помагало за патот кон созревањето и станувањето изградена личност. Не само кон сексуалното созревање, туку и кон градењето на личноста. Би било глупаво да се држи до стереотипи – кога во далечните педесетти години на 20 век Хју Хефнер го основал, не ни сонувал какво револуционерно дело започнува… Знаел Хју, многу добро знаел што започнува, ама имал и храброст да го започне. Секако, секогаш е најтешко да се биде прв, но кога по половина век ќе се погледне таа прва позиција, станува јасно дека ако некогаш си бил прв во нешто, денес си прв меѓу милиони исти или слични. Е тогаш знаеш дека тоа навистина вредело.
Сигурни сме дека Хју е сосема задоволен од успехот што го има постигнато секое издание на неговиот Плејбој. Задоволни се и мажите, а на крајот на краиштата Плејбој и постои за нив. Но, приканзата не би била толку успешна без зајачиците на Плејбој. Нивните дуплерки се непишани букви на машкиот буквар, што ги изговарале една по една генерации мажи во последниот половина век. Бидејќи секој од нас има нешто свое, омилено, поомилено од што и да е, ајде да видиме кои се омилените зајачици на Плејбој, чиишто имиња едноставно лизгаат по машките јазици.
Рејчел Хантер
Оваа новозеландска убавица првпат се појавила на насловна на крајот на 80-тите години од 20 век. Оттогаш до 2004 година хонорарот за насловна и скокнал на вртоглави 2 милиони долари. Зошто – проценете сами.
Фара Фосет
Хероината од „Чарлиевите ангели“ е дефинитивно најпродаваниот лик (но и тело) на сите времиња. До 1995 година таа се противела да се фотографира за насловна страница на Плејбој, но потоа направи вистински БУМ! Како од мајка родена се појави во декемвриското издание во 1995 година. Очекувано, тоа е најпродаваното издание од таа година, со вкупно 4 милиони продадени примероци. Не е лошо за жена во доцните 40-ти години, зарем не?!
Стефани Симор
Стефани е позната како супермодел и девојка на Аксел Роуз на почетокот на деведесеттите години, кога дури и се појави и во спотот на GNR за песната „November Rain“. За Плејбој позирала двапати, во март 1991 година и во февруари 1993 година.
Дениз Ричардс
Најпозната е како една од многуте девојки на Бонд, а, исто така, позната е и по решителноста да дојде до насловна страница на Плејбој, што срдечно беше поздравено во 2004 година кога и тргна од рака. Мажите сакаат одлучни жени!
Џени Мекарти
Мекарти е една од ретките зајачици на Хју на кои актерската кариера им тргнала во нагорна линија по позирањето за насловна на Плејбој. Таа се фотографирала уште во 1994 година, а нејзиниот труд е награден со титула Зајачица со големо З.
Синди Крафорд
Кога во јули 1988 година најпознатата манекенка на сите времиња се сликаше за Плејбој, трафиките за неполн час го продадоа целиот тираж на јулското издание на ова списание. Таа е првата манекенка која го направи тоа, а тоа го повтори и 10 години подоцна. Хју Хефнер и направи посебна чест сместувајќи ја меѓу 100 најсексапилни ѕвезди на 20 век.
Кармен Електра
Оваа манекенка првпат се соблече за Плејбој во мај 1996 година, а потоа и во декември 2000 година и април 2003 година. И таа е една од среќничките на кои слекувањето им донесе повеќе успех во кариерата отколку штета. Не дека дотогаш ја немаа видено гола, но во Плејбој секогаш делува како да е прв пат.
Памела Андерсон
Што да се каже – а да не се заплаче? Се знае колку се приврзани мажите за нивната Памела, а и како да не се врзат, кога и Хју Хефнер ја угости Памела со насловна страница во неговото животно дело дури 12 пати.
Мерилин Монро
Мерлин е позната по многу работи, а меѓу другото и по тоа што е првата Плејбој зајачица. Го разубавуваше првото издание од магазинот во далечната 1953 година, а на шокот кој го предизвика во јавност реагираше сосема природно и спонтано како да се фотографирала во гламурозна тоалетана доделување на Оскар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.