| четврток, 6 декември 2018 |

Мизо: Конкурентна дестинација за автомобилската индустрија

Ford-C-MAX-Production-Македонија е конкурентна дестинација за автомобилската индустрија поради неколку фактори, тврди директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо.

– Во моментов, покрај компании кои веќе го потврдиле изборот на Македонија за инвестициска дестинација од автомобилскиор сектор – тука се, пред сѐ, две компании од САД, една во Kичево, друга за источниот дел на Македонија во Кочани, потоа германската компанија во Велес – со уште неколку компании сме во крајни преговори, каде што Македонија е една од дестинациите влезена во најтесен круг од две или три земји за конечна одлука. Наесен тие одлуки ќе бидат донесени – вели Виктор Мизо за „Лидер“.

Во моментов во земјава има 8 компании што се гринфилд инвестиции од автомобилскиот сектор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top