| четврток, 6 декември 2018 |

Игор Петровски освои бронзен медал на Макабијадата во Израел

Годинава на 19. по ред Макабијада, што се одржа од 19 до 31 јули во Ерусалим, Израел, учествуваа преку 9.000 спортисти од 70 држави. На свечената церемонија на отворањето на игрите на стадионот „Теди“ во Ерусалим присуствуваа и израелскиот претседател Шимон Перес, премиерот Бенјамин Нетанјаху, како и многу други познати Евреи од Израел и од целиот свет.

На овие игри Македонија првпат учествува со четири спортисти, членови на Еврејската заедница,  во шах и во тенис.

На свеченото отворање со гордост го носеа знамето на Македонија и настапуваа под уставното име на нашата земја.

Игор Петровски од Тетово го освои третото место и бронзениот медал во шах. По тој повод во просториите на Еврејската заедница во Скопје се одржа прием за одбележување на успехот на Игор. Тој доби благодарница и парична награда од претседателот на заедницата Берта Романо Николиќ.

– Благодарен сум што имав можност да ја претставувам Македонија и за четири години очекувам да се вратиме со повеќе медали – изјави Петровски на крајот на приемот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top