| четврток, 6 декември 2018 |

Татко претепал професор оти ја паднал ќерка му на испит

fakultet za muzicka umetnost

Средовечен татко повикал пријател со кого претепале професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје затоа што не ѝ дал преодна оценка на неговата ќерка.

Полицијата јави дека вчера околу 9.30 часот во Скопје, на ФМУ за време на одржување на испит кај професорот Т.М.(63) од Скопје, во канцеларијата влегле А.И.(55) и А.Р.(27), двајцата од Скопје, незадоволни од тоа дека ќерката на А.И. паднала на испит, при што физички го нападнале професорот, удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото, при што  му ја искинале кошулата.

А.И. протоа искршил дел од инвентарот во канцеларијата, му се заканил на Т.М. по животот и му го дал индексот на неговата ќерка за да ѝ стави оценка под присилба. Т.М.  почнал  гласно  да бара помош, по што лицата се дале во бегство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top