Администрацијата на Барак Обама призна дека меѓу 2008 и 2011 година, НСА го нарушила законот, пресретнувајќи електронска кореспонденција на американски државјани, кои немале врска со тероризмот.
Владата на САД вчера, два месеца откако Едвард Сноуден обелодени дека Агенцијата за национална безбедност прислушувала граѓани, откри вчера документи од кои е симната ознаката за тајност меѓу кои решение на суд на 85 страници од октомври 2011, со кое на НСА и се наредува да ја прекине програмата за следење на Интернет комуникациите.
– НСА собрала многу големо количество кореспонденција, заштитена од четвртата измена во Уставот, вели во решението судијата Џон Беитс од Судот за следење на странските разузнавања, имајќи ја предвид измената која ги заштитува Американците од неосновано претресување и следење.
Програмата за следење меѓу 2008 и 2011 собрала не помалку од 56.000 и-мејлови на американски граѓани и покрај тоа што според американски закони потребни се одделни налози за надзор на Американци или странци кои живеат во САД.
– Собирањето на информациите е последица на технички проблем, а не пречекорување на надлежностите од страна на НСА, објасни вчера претставник на разузнавањето, кој побарал анонимност.
Според изворите и согласно судскиот документ, објавен од Владата, НСА решила да го „прочисти“ материјалот, откако утврдила дека тој е собран како последица на грешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претепување на трудници, силување на мажи и убивање на затвореници: Сноуден ја разоткри новата шефица на ЦИА
-
Најпознатиот светски хакер: Преку телефонот ве следат на два начини
-
ФБИ и НСА: Нема потврда за тврдењето на Трамп за прислушување
-
„Можеби имаме нешто заедничко“ Трамп ја потсети Меркел за прислушувањето од Обама (видео)