Во Македонија не постои официјална статистика за граѓаните што си ја смениле верата. Но, сепак ги има, а некои се јавни личност.
Две пратенички од македонскиот парламент, една поранешна и една сегашна се интересни за нашава тема. Актуелната пратеничка, Албанка, мошне експонирана во јавноста, е омажена за Турчин, кој не знае ниту збор Албански, а е муслиман, кој го практикувал исламот точно според Куранот. Тој сега се откажал од тоа и е секуларен муслиман како и неговата сопруга. Поранешна пратеничка од ромска националност се омажи за Македонец и премина во православно христијанство. Ќерка на поранешен пејач Албанец во една рок група од осумдесеттите години, денес и самата пејачка, поради своето момче Македонец премина во православно христијанство. Истото го направи поранешна сопруга на познат македонски интелектуалец, родена како муслиманка конвертираше во христијанка.
Но, има и обратни процеси, особено кај Македонките, кои речиси сите што се мажат за муслимани ја прифаќаат исламската вера. Од нашето истражување, знаеме и за Македонец, професор по филозофија, кој преминал во ислам, како и за дипломиран историчар, кој ја прифатил оваа вера. Постојат и две брачни двојки Македонци во државните институти, кои преминале во ислам. Цело македонско семејство во Гостивар е под постојана заштита од Албанците затоа што прифатиле ислам откако мажот се вратил од САД, каде што се конвертирал во муслиман.
Но, што е тоа конвертит и ревертит? И едното и другото, особено гледано од страна на верата, се крајно проблематични изрази. Научно кажано, конвертит е тој што преминува од една вера во друга, а ревертит е некој како Селадин. Роден со наследена вера, но подоцна почнува вистински да ја практикува.
За македонските конвертити и реверити, за меѓусебното признавање меѓу православните и католичките христијани и нивната заедничка одбивност и непризнавање на протестантските христијани, за првите муслимани во Македонија и за тоа како се ширела оваа вера на нашите простори, прочитајте во најновиот број на неделникот „Република“, кој ќе биде во продажба низ целата земја од утре (петок, 23 август 2013).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст