
Двајца Грци биле уапсени во грчкиот град Неаполи кај Kозани поради шверц на цигари од Македонија, пренесува „Дневник“.
Станува збор за И.Х.Е. (55) и неговиот син на возраст од 23 години, кај кои биле откриени и запленети околу 400 кутии различни марки цигари без бандероли. Таткото признал дека цигарите ги купувал во Македонија и ги продавал во Грција. Полицијата имала сознанија дека И.Х.Е. шверцува цигари, па во понеделникот во гратчето Неаполи го сопрела неговиот автомобил, во кој осомничениот носел 118 штеки цигари, најверојатно претходно пренесени преку границата. По неговото апсење полицијата го претресла и неговиот дом во Неаполи, каде што пронашла уште 163 штеки цигари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


