
Јавното претпријатие за државни патишта склучи договор со фирмата „АССЕКО СЕЕ ДООЕЛ – Скопје“ во вредност од 110 илјади евра за набавка на автоматски стоп-рампи, јави „24 вести“.
Станува збор за втор обид за модернизација на патарините со нови рампи, а првиот тендер е поништен поради тоа што фирмата-носител не ги испочитувала роковите за преземената обврска, по што договорот бил раскинат, гаранцијата активирана, а фирмата добила негативна референца.
На новиот јавен повик интерес пријавиле две фирми, а изборот е направен преку електронска аукција.
Дополнително, јавното претпријатие за околу 70 илјади евра спроведе набавка на патна опрема и за телекомуникациски услуги.
Во меѓувреме, Агенцијата за патишта постави систем за набљудување преку кој во живо се следи наплатата на патната такса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


