Американската разузнавачка агенција (НСА) изградила мрежа со чија помош може да се надгледува 75 отсто од целокупниот интернет-сообраќај во САД. Тоа е многу повеќе од што досега се веруваше, објави „Волстрит журнал“.
НСА до сега тврдеше дека нејзината програма допира само 1,6 отсто од светскиот интернет- сообраќај.
Повикувајќи се на изјави на актуелни и поранешни функционери, весникот пишува дека НСА некогаш ги чува содржините на преписките преку е-пошта меѓу американските граѓани, и дека филтрира дел од домашниот телефонски сообраќај кој оди преку интернет- мрежа.
Тоа би значело кршење на овластувањата на агенцијата. Весникот наведува дека системот така бил воспоставен што било многу лесно да се пресретнат и соберат податоци за повици кои почнуваат и завршуваат во САД.
Во исто време, во медумите се појави уште една информација, според која НСА прибирала информации од електронски комуникации спротивно на законите уште од 2008 година кога немала никакви врски со тероризмот. За ова Белата куќа дознала дури во 2011 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.