| четврток, 6 декември 2018 |

Советот за безбедност на ОН бара истрага за наводната употреба на хемиско оружје во Сирија (видео)

sirija zrtvi hemisko oruzje

Советот за безбедност на ОН бара објаснување за наводната употреба на хемиско оружје во Сирија, додека во исто време сириските власти категорично ги отфрлаат обвинувањата.

Членовите на советот го поддржаа спроведувањето на непристрасна и брза истрага за инцидентот, без да прецизираат дали истрагата треба да биде извршена од страна на експерти на ОН во Сирија.
Русија и Кина се изјасниле против истрагата.

Сириската опозиција соопшти дека во нападот во Дамаск, во кој било употребено хемиско оружје, загинале повеќе од 1.300 лица. За овој случај се објавени и наводни фотографии и видеоматеријали, но никој сѐ уште не може да потврди дека силите на Башар ал Асад употребиле хемиско оружје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top