Пратеници на СДСМ и на ДУИ предизвикаа инциндет за време на седницата на Комисијата за транспорт и врски.
Претседателот на Комисијата, Реџаил Исмаили, не дозволи пратеникот од СДСМ Благоја Стојановски да му реплицира на министерот Иво Ивановски. Образложението на Исмаили беше дека излагањето на министерот е дообјаснување и затоа нема право на реплика.
Пратениците од опозицијата се спротивставија на неговата одлука, па во знак на револт отидоа до масата на претседателот. По краткаа вербална расправија се направи тензична атмосфера во која малку фалеше да дојде до физички контакт меѓу Исмаили и Стојановски. На крајот, сепак, се смирија страстите на двете страни и Комисијата продолжи да работи.
видео Бриф
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.