| четврток, 6 декември 2018 |

Јас сум тој, „оној малиот“ што има рак – статус што допре до срцата на многумина

И јас сѐ уште сум оној кој го испи животот на неговите најмили, како што оваа „моја“ болест ме испива мене

nedzadФејсбук статус допре до срцата на многумина. Младиот, деветнаесет годишен Неџад Бешировиќ од босанкиот град Цазин, боледува од рак. Тој на својот профил напиша:

-Јас сум тој, „оној малиот“ што има рак, ма знаеш тој за кого се собираат пари за да преживее. Да, јас сум тој. Јас сум касичка за доброволен прилог во вашите банки, жиро сметки, хуманитарен концерт, хуманитарен број…Тоа е мојот број, тоа е мојот живот и мојата реалноста. Да, тоа сум јас. Но, јас сум и тој кој детството го помина во болничките ходници, родендените ги славеше во болничките соби, светското фудбалско првенство го следеше од болничкиот кревет (ме прекинуваа медицинските сестри за да ми ја измерат температурата)…. И јас сѐ уште сум оној кој го испи животот на неговите најмили, како што оваа „моја“ болест ме испива мене.

Би сакал да не е така, би сакал никогаш да не сте слушнале за мене и да ме познаваат само моето семејство, пријателите, соседите, или пак да сте слушнале за мене поради нешто добро. Да сум, „оној малиот“ што го напуштил училиштето бидејќи истото не му одело, а не поради болест, ма се да сум само не „оној што има рак“.

Жалам што сум ви товар, што сите ве молат во мое име да ми помогнете, што и јас ве молам во мое име да ми помогнете, но не е поради мене…. Мене ми е моите блиски да не останат без мене, не можам тоа никако да им го направам. Видов кога моите „пријатели по постела“ заминаа, видов која тага остана зад нив и тоа мојата мајка не би го поднела, како да и го направам тоа? Кој од вас би можел на својата мајка да и направи такво нешто.

Затоа одлучив да успеам и кога се ќе помине, ќе завршам факултет, па и мојата мајка ќе може да се фали со мене, а не само да зборува за рецепти кои лечат рак. Ќе имам свое семејство и деца и на нив ќе им кажувам…. Како татко им некогаш одамна бил болен, како се „извлекол“….луѓето му помогнаа. Сите биле тука за него и никогаш, баш никогаш тоа не им го заборавил…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top