Комисијата на надворешни работи на Литванскиот парламент започна истрага против двајца амбасадори на оваа земја откако во јавноста излегоа телефонски разговори во кои тие давале изјави спротивни на националните интереси на оваа земја.
За Македонија интересно е тоа што еден од нив е амабсадорото во Унгарија Ренатас Јушка кој пред еден месец остро ја критикуваше Македонија.
Јушка и неговиот колега се под истрага откако на Јутјуб биле поставени нивни разговори во кои надвор од дипломатсктие процедури коментирале односи со странски земји и личности и со тоа ги загрозиле интересите на земјата.
Министерот за надворешни работи на оваа земја Ажубалис за локалните медиуми изјавил дека се чека состанокот на собраниската комисија за да може да се донесе одлука за враѓање на амабсадорите во Рига.
Според медиумите во оваа земја минатиот месец на интернет се појавиле тонски записи од разговори на амбасадорите со бизнисмени во кои тие ги коментирале односите со Азербејџан и Ерменија, посетата на премиерот Буткевичиус на Русија и други сензитивни теми.
Литванскиот амабсадор во Азербејџан веќе најавил повлекување а Ренатас Јушка сеуште не ја понудил својата оставка.
Јушка за време на презентацијата на приоритетите Литванија која што е претседавач со ЕУ до крајот на годината на крајот на јули во Собранието остро ја нападна Македонија.
Во невообичаено грубото обраќање Јушка за разлика од останатите европски дипломати обвини дека Македонија направила мал напредок во реформите но немаше одговор што точно треба да се направи за да почнат преговори со ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


