
Имено, по цели 4 години Врховниот суд на Италија одлучи повторно да го отвори случајот со спорот меѓу нашиот капитен и Лацио.
Според „Газета дело спорт“, Врховниот суд одеднаш и без никаква најава одлучил да ја укине одлуката на судот од Милано, според која Пандев во 2009 година си замина од Лацио во Интер како слободен фудбалер и побарал повторно отворање на целиот случај, негово враќање во истиот суд, но кај друг судија.
Според медиумите во Италија, можно е судот во Милано да изрече привремена забрана за настап на Пандев, сѐ додека целиот случај не добие финална завршница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


