| четврток, 6 декември 2018 |

Србија и Кина потпишаа протокол за каналот Дунав-Морава-Вардар

Министерот за природни ресурси, Милан Бачевиќ, во Пекинг го потпиша Протоколот за разбирањеза изработка на студија за оправданоста на проектот „Канал Морава“, јавија денес српските медиуми

28012013121901_Kanal-DTD1Бачевиќ го потпиша протоколот со Жен Џиенг, претседател на кинеската корпорација Чајна Геџуба груп.

Протоколот предвидува соработка на двете страни во изградбата на студија за проектот, со која што ќе бидат опфатени сите елементи коишто се однесуваат на проектот во рамките натериторијата на Србија, со осврт на Македонија и на Грција.

Проектот„Канал Морава“, кој би бил од капитално значење, пред сè за Србија, но и за Македонијаи за Грција, би бил од корист и за земјите од Централна и Западна Европа, затоа што со каналот преку Дунав Морава би се поврзала со пловните системи Рајна-Мајна-Дунав, Одра-Висла и Сена и Рона, а истовремено би се отворил и излез на Егејското Море.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top