| четврток, 6 декември 2018 |

Започнуваат големи промени во македонската дипломатија

mnr-500

Предлогот на Владата за промена на амбасадорите на повеќе од 15 македонски дипломатско-конзуларни претставништва поминал без никакви забелешки кај претседателот Ѓорге Иванов, пишува МКД.МК.

Според востановената процедура, Министерството за надворешни работи сега ги подготвува барањата за агремани за идните амбасадори. Деветмина амбасадори само ќе ги сменат местата на вршењето на функцијата.

Неофицијално, претстои разрешување на амбасадорите во Тирана и Приштина, Веле Трпевски и Стојан Карајанов – Трпевски оди за амбасадор во Австралија, а Карајанов во Албанија.

Веќе беа објавени информациите дека Никола Димитров од Хаг се сели во Москва, во Хаг оди Игор Попов, актуелен амбасадор во Љубљана. Агрон Буџаку останува уште четири години во Париз, амбасадорот Илија Исајловски од Москва заминува за Пекинг, а од Кина во Италија се сели амбасадорот Оливер Шамбевски. Даниела Караѓозоска од Загреб ќе премине во Отава, а Фуад Хасановиќ од Катар оди во Сараево. Во Катар ќе оди амбасадорот Шабан Јашари, Гоце Карајанов е можниот иден генерален конзул во Њујорк, а Газменд Илјази ќе биде шеф на мисијата во Женева.

Василка Попоска – Треневска е ново име на македонската амбасадорска листа. Таа во Брисел најверојатно ќе го наследи својот сопруг Мартин Треневски, како амбасадор на Македонија во НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top