Најскапоплатен македонски музичар е Кирил Џајковски, кој бара од 5.000 до 8.000 евра. А кога веќе зборуваме за домашните пејачки имиња, колку за споредба најскап е Владо Јаневски, кој бара 2.500 (и тоа пее на плејбек). И Каролина Гочева си држи цена, но е варијабилна и зависи од тоа дали пее на плејбек, во живо или е придружувана од бенд. Доколу пее на плејбек цената и е околу 1.000, а ако настапот е со бенд достигнува цена од 2.000 до 2.500 евра. Слаткар и Елена Ристевска бараат околу 1.000 евра, Тамара 600 за настап во клуб, додека Влатко Илиевски 100 евра помалку. Александар Тарабунов се задоволува со 400 евра… Бараат, а дали добиваат?! Публика тешко, хитови тенко, а и многу има печалбари од соседството, кои летово од Скопје и скопските отворени дискотеки добија шут-карта, ама затоа растурија низ внатрешноста, пишува „Вечер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



