Водителот на утринската програма на Канал 5, Роберт Јанков денеска по прв пат стана татко.
Бебето кое се роди на Клиниката за гинекологија во 14 часот има 3 килограми и 750 грама, а долго е 52 сантиметри.
Среќните родители одлучија бебето да се вика Кирил.
Роберт и Моника влегоа во брак во септември 2012, неполна година потоа пристигна новиот член на нивното семејство. Редакцијата на Република и честита на среќните родители, а на малиот Кирил му посакува среќно и безгрижно детство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.