Живко Мукаетов, генералниот директор на „Алкалоид“, и Живко Поповски, сликар, хуманист и новинар, се добитниците на годинешната државна награда „Мајка Тереза“ за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност.
Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ја доделува наградата за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.
Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на 26 август во 12 часот во Порта Македонија – Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.