| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ и Азаренка останаа на врвот, Надал падна на петтата позиција

Новак Ѓоковиќ и Викторија Азаренка ги одбранија титулите на Австралија опен и го задржаа врвот на светските тениски ранг-листи.

Ѓоковиќ е лидер на АТП листата со 12.920 поени, дури 2655 повеќе од второрангираниот Роже Федерер, а зад нив остана Енди Мареј со 8460 поени. најголем пад забележа повредениот Рафаел Надал кој сега е петторангиран. Шпанецот за првпат во последните 8 сезони, не е во квартетот најдоби во машка конкуренција, а токму Давид Ферер кој се проби на 4. позиција му ја одзеде привилегијата на Надал како најдоброрангиран шпански тенисер.

Во женска конкуренција има смена на втората позиција, а сега зад Азаренка е Серена Вилијамс. Таа ја замени Марија Шарапова, која падна на третото место. Број 4 остана Агнешка Радванска, а во топ-5 се проби финалистката од Мелбурн, Ли На.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top