Малолетничка се застрелала со пиштол во стомакот. Полицијата информира дека вчеравечер околу 21.30 часот 16- годишната Д.А од скопското село Брест дошла во куќата на 36-годишната Р.Ш.. Малолетничката, која работела како хигиеничарка во домот на скопјанката, се појавила без да биде повикана. По краток разговор со сопственичката, заминала да чисти на горниот кат. Во еден момент се слушнал истрел по што 16-годишната девојка била затекната како лежи на креветот жалејќи се на болки во стомакот. Била пренесена во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде што ѝ била констатирана тешка телесна повреда устрелна рана во пределот на стомакот. При извршениот увид на местото на настанот е пронајден пиштол, со два неиспукани куршума во рамката, како и една чаура од испукан куршум, кои се земени за вештачење. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски со полн пиштол „макаров“ фатен на аеродромот во Софија
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил