„Фрутвил“ ги доби главните награди и од публиката и од жирито, а во категоријата на документарни филмови победи „Побратим“ (Blood Brother) на Стив Хувер.
„Фрутвил“ е базиран на вистинска приказна за Оскар Грант, млад Афроамериканец, кој бил убиен од полицијата. Тој имал само 22 години и полицаец го застрелал во грб на железничката станица во Оукленд во Калифорнија.
Документарниот филм „Побратим“ го следи младиот Американец Роки Брат кој се преселил во Индија за да им помага на децата заболени од сида.
Наградата за најдобро сценарио на игран филм ја доби Лејк Бел за дебитантскиот филм „Во светот“ (In A World), а наградата за режија ѝ припадна на Џил Соловеј за филмот „Попладневно задоволство“ (Afternoon Delight).
Основач на фестивалот „Санденс“ е Роберт Редфорд, а првпат се одржал во 1978 година. Минатата година го посетиле повеќе од 50 илијади посетители и е најголем фестивал на независен филм во САД. На „Санденс“ учествувале голем број, денес, најпознати режисери во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филмот „Очите на фотографката“ ќе го отвори третото издание на фестивалот „Богородичен покров“
-
Прв фестивал на нов европски филм: „Beach film festival“ на плажата „Оревче“ од 19-22 јули
-
Хироказу Коре- Еда ја освои „Златната палма“ на Канскиот фестивал
-
Филмот „Види ја ти неа“ во официјална програма на фестивалот во Клермон, Франција