По само неколку месеци врска Сузана Гавазова и Јасмин од Шведска одлучија да го прошират семејството, а приказните, кои деновиве, кружат низ чаршијата дека фолкерката е бремена се вистинити, јавува Вечер.
-Вистина е дека сум бремена неколку недели затоа и не би сакала да зборувам за тоа. Знаете дека до три месеци бременоста се крие, но што е тука е, призна Гавазова, која додаде дека свадба ќе има откако ќе се врати Јасмин, кој во моментов е во Шведска.
Свадба ќе има, ако не успееме да ја направиме во ноември, тогаш ќе ја направиме следната година заедно со крштевката на детето ха, ха, ха. Има време за сериозни планови. Јас моментално сум во Македонија, а Јасмин замина за Шведска, така што кога ќе се врати, ќе го испланираме точниот датум за свадбата”, вели Гавазова.
Фолкерката откри и дека планира настапите да ги стави во мирување и да и се посвети на бременоста и здравиот живот, а штом се ќе почне да се одвива во нормален тек, вети дека ќе ја информира јавноста за сите идни случувања и планови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.