| четврток, 6 декември 2018 |

Двејн Вејд не си оди од Флорида

Човекот кој освои НБА титула со Мајами Хит уште пред да стане дел од „големата тројка“ на тимот, Двејн Вејд, најави дека нема да ја искористи клаузулата за откуп на својот договор, нешто кое има право да го стори на крајот на идната сезона.

Вејд целата досегашна кариера во најсилната кошаркарска лига на светот ја мина во дресот на „Жешките“, од 2003-та година, кога како петти „пик“ беше избран од составот од Флорида на тогашниот „драфт“.

„Сите знаат каде јас сакам да бидам, тоа е Мајами. Не сакам воопшто нити да размислувам за тоа да ја искористам опцијата која ми се пружа со договорот. Нема да има никакво изненадување и слични вести кај мене“, изјави популарниот „Флеш“.

Тој уште еднаш потврди дека приоритет му е да крене што повеќе трофеи, а досега успеа да „архивира“ вкупно три шампионски прстени, еден од 2006-та, освоен во тандем со Шекил О’Нил, како и два од 2012-та и од 2013-та година, откако во екипата стигнаа Леброн Џејмс и Крис Бош.

Во досегашниот тек од кариерата, Вејд просечно бележи нешто помалку од по 25 поени, по пет скокови и по шест асистенции на натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top