| четврток, 6 декември 2018 |

Словенија ќе и враќа 8 милиони евра на ЕУ

euro-money-e1338822709615Словенија мора да ѝ врати на ЕУ 8 милиони евра. Според Европската комисија, тие пари Словенија ги добила за непосредна исплата, односно субвенции за земјоделците за хектар за производство на ограничено подрачје.

Агенцијата за земјоделски пазар на Словенија истакнала дека главна причина за враќањето на парите е недостигот од географско-информациски систем поради што во површините кои имаат право на субвенции биле вметнати патиштата, шумите и зградите.

Покрај неточната идентификација на земјиштето, Европската комисија, која ги проверувала податоците, утврдила и недостатоци при контролата на теренот, како и во пресметките за исплатата.

Според податоците на словенечкото Министерството за земјоделство, ова не се случува прв пат – Словенија претходно морала да врати 7,6 милиони евра, со што сега вкупната казна изнесува 16 милиони евра.

Во буџетот на ЕУ, поради слични грешки, пари ќе мора да вратат уште 14 земји-членки на ЕУ, а најмногу Велика Британија – 59 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top