| четврток, 6 декември 2018 |

Србија: Четворица починати од Западнонилска треска

komarec zapaden nil

Во Србија, заклучно со 16 август, починале четири лица заболени од западнонилска треска, а бројот на заразените се искачи на 63, објавува на својот веб-сајт Институтот за јавно здравје „Батут“.

Во извештајот е наведено дека починатите се лица постари од 50 години и дека биле хронични болни, односно припаѓаат на категоријата со зголемен ризик.

Од вкупниот број заболени, 43 пациенти имале клиничка слика на манингитис, енцефалитис или менингоенцефалитис.

Со цел намалување на ризикот од зараза со вирусот Западен Нил, „Батут“ препорачува примена на мерки за лична заштита од убоди на комарци, и тоа со употреба на препарати врз откриените делови од телото во текот на престојот на отворено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top